Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Дали навистина можам да го надминам гревот и искушението?Примерок

Can I Really Overcome Sin and Temptation?

2 ДЕН ОД 5

Дали навистина постои суштество именувано Сатана?


За да дискутираме за гревот, мора да дискутираме за Сатаната. Невозможно е да се игнорираат неговите дела: скршени срца и домови, злоупотреба, болести, и неморалност. Листата е долга и трагична. 



Сатаната е реална и поразена. Тој сака да веруваш дека ниедно од тоа не е вистина, но изборот е твој. Јас се молам да оваа посвета ти ја открие Божјата вистина.



Сатаната е реална


Сатаната е именувана на повеќе начини во Библијата. Двете имиња кои ни се познати се “Сатана” и “ѓавол.” Претходното значи “обвинувач” и може да се најде триесет и четири пати во Светото писмо—оној кој не обвинува и злоупотребува. Ѓавол може да се види 36 пати во Новиот Завет и буквално означува “Клеветник.”



Сатаната е исто така понзнат како “античка змија”, “змај” и “злобниот.” Описот на Исус за делата на Сатаната во Јован 8:42–47 е навистина заплашувачко резиме.



Како прво, Сатаната ги зема во посед сите неспасени души.


Во Јован 8, нашиот Господ посочува на неговите непријатели како деца на Сатаната (в. 44). Тој е “богот на денешницата” (2 Коринтијаните 4:4), “принцот на овој свет” (Јован 12:31) кој ја контролира оваа пропадната денешница (1 Јован 5:19). Христијаните живеат во свет доминиран од Сатаната. Ние сме војници поставени на непријателска територија, живеејки во окупирана држава.



Како второ, ѓаволот ги заслепува нашите умови за вистината.


Тој е “лажливец и татко на лагите” (Јован 8:44). Ова е причината зошто личноста која не го примила Светиот Дух неможе да ги разбере Божјите нешта (1 Коринтијаните 2:14). ---Сатаната сака да го грабне семето на зборот од срцата кои најмногу имаат потреба од него (Матеј 13:1–9).



Како трето, Сатаната лаже за Божјиот збор.


Од Создавање 3 до сегашноста, тој манипулира со вистината на Светото писмо за да не води на погрешен пат. Оној кој ја цитира Библијата искушувајки го Исус (Матеј 4:1–11) ќе го злоупотреби Божјиот збор за да не измами нас. Не е се вистина од она кое ќе го слушнеме како вистината за Божјиот збор. Нашиот непријател може да ја цитира Библијата подобро од нас, но секогаш со ѓаволски завршеток.



Како четврто, ѓаволот е “убиец уште од почетокот” (Јован 8:44).


Сатаната е како разлутен лав, барајки некого да проголта (1 Петар 5:8). Оние кои служат за неговите цели се ангажираат во физички, емоционални и сексуални напади меѓусебно и против останатокот од нас. Нивниот господар не сака ништо помалку од целокупна деструкција на човековата раса, посебно Божјиот народ.



Како петто, Сатаната владее со демоните.


Тие служат како негови слуги и војници во неговата војна против Господ и неговите деца.



Во суштина, Сатаната се спротивставува на Бог.


Во Јован 8, тој ги инспирира религиозните водачи да бараат смрт за Исус. Подоцна тој ги поведе да го распнат нашиот Господар.



Сатаната е спротивното од Бог во секоја смисла:




  • Нашиот Господар е светлина; Сатаната е темнина.

  • Бог е свет, го конзумира огнот; ѓаволот е грешник, заболен, заразен.

  • Бог е Дух; Сатаната е несвета телесност.

  • Бог те љуби; Сатаната те презира.

  • Бог го даде неговиот Син за тебе; Сатаната би ти ја одземал душата.

  • Бог е твојот Отец; ѓаволот е твојот непријател.


Сатаната е реална, но немој да заборавиш: тој е исто така поразен.


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Can I Really Overcome Sin and Temptation?

Дали некогаш си се запрашал, “Зошто сеуште се борам со овој грев?” Дури и апостол Павле кажува многу во Римјаните 7:15: “Не го правам она што го сакам, туку она кое го презирам.” Како да го спречиме гревот во нашите духо...

More

Би сакале да се заблагодариме на Денисон Форум што го овозможија овој план. За повеќе информации, посетете ги на: http://www.denisonforum.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност