Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Исчекор кон ЦелтаПримерок

Step into Purpose

3 ДЕН ОД 5

Поедноставена Цел


Идејата за „целта” е нешто што ме правеше прилично збунета додека растев во црква. 


На кој начин Бог сака да ме употреби? Кога ли ќе дознаам? Што треба да правам додека да дознаам? Често си ги поставував овие прашања за кои се обезхрабрував бидејки не можев да најдам одговор.


Ова ми претставуваше постојано измачување сè додека еден ден не налетав на дел од писмото што ми го промени животот - „Што и да правиш, прави го за Божја цел.” (1 Кор. 10:31)


Доживеав просветлување.


Да, Бог има намислено уникатни планови за секој од нас. Да, твојата цел е различна од сите други. Но, сите овие нешта постојат за една, сеопфатна, колективна и внатрешна цел: да му донесат слава на Бог.


Бог не бара поттикнување на его! Неговиот повик да се прослави потекнува од Неговата преголема љубов за нас. Тој знае дека кога ќе ја разбереме неговата добрина и и ќе му ја препишеме заслугата Нему, ние добиваме просветлување и почнуваме да ја разбираме неговата љубов спрема нас на подлабоко ниво. Оваа љубов менува сѐ.


Бог нѐ љуби без оглед на тоа дали го прославуваме или не, но негова желба е целосно да ја препознаеме таа љубов. Сета слава на Бог! Ова е нашата цел.


 


Напишано од Хана Вајт


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Step into Purpose

Која е мојата цел? Која е смислата на мојот живот? Кој е Божјиот план за мене? Ова сѐ прашањата што секој од нас си ги поставува во животот. Додека откриваме што значи да зачекориме кон нашата цел, ќе пробаме да дадеме о...

More

Би сакале да ѝ се заблагодариме на Ц3 Црквата во Сиднеј, што ни го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.c3college.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност