Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Одвојување време за одморПримерок

Making Time To Rest

1 ДЕН ОД 5

Што значи да се одмора?



Изгледа дека нашите распореди стануваат се пополни како што изминуваат месеците. Кога пробуваме да се видиме со пријателите, изненадени сме дека следното слободно време ни е во следниот месец. Тука се активностите на нашите деца, настани во црквата, работни проекти, роденденски забави, и летни одмори. Ги програмираме и планираме нашите животи оставајки малку или воопшто простор за нешто што може да не освежи и да не одмори.



Премногу често помислуваме дека ако се одмораме, мора дека сме мрзливи. Значи дека можеме тотално да се опуштиме дома и да не правиме апсолутно ништо. Иако можеби има таков елемент во нашето време за одмор, тоа не е целата приказна. 



Одморот е закрепнување.

Тоа е препознавање кога сме истрошени, изморени, и имаме потреба некое време да дишеме длабоко.
Тоа е препознавање на нашите граници и како раководиме со потребите на нашите животи на дневно ниво. За нашите тела вистински да се опорават, мора да примиме одмор во изобилство, што вклучува добар сон навечер. Доколку постојано се чувствуваме изморено, би било добро за нас да го процениме квалитетот на нашиот сон како и временскиот интервал во кој го имаме.



Одморот е за освежување.

Тоа е учење за работите кои ни даваат или не ни даваат енергија. Тоа е правење избор да вклучиме активности или смиреност кои ни го освежуваат духот. Освежувањето никогаш нема да се случи доколку продолжиме да правиме работи кои не исцрпуваат во време кога треба да правиме работи кои не исполнуваат. Мораме да зачуваме повеќе работи кои не исполнуваат наместо да се трошиме во времето одвоено за одмор.



Одморот е за обнова.

Тоа е доживување на длабока обнова во сите делови од нашите животи. Тоа е поминување на повеќе време со Господ за духовно возобновување. Можеби сакаме да правиме некои работи кои не освежуваат психички, во крајност, ни треба духовно освежување поминувајки време со Господ секој ден. 



Во следните четири дена, ќе навлеземе во некои од начините како да пронајдеме одмор за нашето тело, ум и душа. Ќе учиме за како да вклучиме рутини кои ќе постанат дневни навики. Правејки го тоа ќе бидеме на добар пат да ги елиминираме психичките, емоционалните, духовните и физички исцрпувања од нашите животи.



Одраз




  • Кога размислуваш за одмор, дали изгледа како невозможно?

  • За кои делови од твојот живот имаш најмногу потреба од одмор? Тело, ум или душа?

  • Запиши го било кое откритие што Господ ти го прикажува читајки ја Библијата или посветата.

Ден 2

Опис за овој план

Making Time To Rest

Воркохолизмот и постојаната зафатеност се често поздравувани во нашиот свет, и може да биде предизвикувачки да се одмориме. Со цел да ги извршиме ефективно нашите улоги и планови, ние мора да научиме како да се одмора во...

More

Овој оригинален Библиски план е составен и овозможен од YouVersion.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност