Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започнување на врска со ИсусПримерок

Beginning A Relationship With Jesus

1 ДЕН ОД 7

„Правила наспроти меѓусебен однос“



Ако направиш брзо пребарување за дефиниција за христијанството, веројатно ќе најдеш дефиниција поврзана со „следење на учењата на Исус“. И тоа е вистина - христијанството е следење на Исусовите учења. Проблемот е што повеќето луѓе ја претвораат идејата за „следење на Исус“ во „следење правила“ - а тоа не е поентата на христијанството.



Библиската приказна јасно покажува дека поентата на познавањето на Исус е меѓусебен однос, а не правила. Како што почнуваш да го истражуваш она што Бог ни го кажува за Себе преку Библијата, ќе откриваш дека да се биде во љубовен, посветен меѓусебен однос со Него е суштината на верата.



Затоа, да се каже дека главната идеја на христијанството е само да ги следите поуките е како да кажете дека главната идеја на бракот е заедно да ги плаќате сметките за домаќинството. Тоа не е нешто што би било дел од убава љубовна приказна!



Оваа перспектива на правила наспроти меѓусебен однос е големата разлика што го двои христијанството од другите религии. Ако повеќето религии учат дека патот за „да се биде добар“ е преку следењето на потребните практики и строги верувања, христијанството започнува од поинаква точка.



Од најраните времиња, следбениците на Исус не биле познати по следењето правила или по тоа што „биле добри“. Она по што се истакнувале - нешто што вреди да се спомене - била самата реалноста дека „биле со Исус“ (Дела 4:13). Не дека тие целосно го познавале Исус, или го следеле Исусовиот начин на однесување, туку дека биле „со“ Него.



Тоа што биле со Исус е токму тоа што ги трансформирало овие луѓе од она што Библијата го нарекува „необразовани, обични луѓе“ во храбри, смели водачи. И тоа е истата реалност која ни се нуди кога Исус нè повикува во меѓусебен однос: за да „бидеме со Него.“

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Beginning A Relationship With Jesus

Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Два...

More

Благодарни сме на Дејвид Двајт, Никол Јунис и Дејвит К Кук за овој план. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/start_here/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност