Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Радикална мудрост: Седумдневно патување за татковциПримерок

Radical Wisdom: A 7-Day Journey For Fathers

1 ДЕН ОД 7

Добиваш тоа што возвишуваш


Дали некогаш имаш приметено како една млада девојка е „обликувана“ од нејзината мајка, запознавајќи ја со шминка, руж, ајлајнер и кармин додека е уште дете? Тогаш на неа ѝ кажуваат колку е убава, не затоа што е, туку затоа што таа (или нејзината мајка) се обидува толку напорно.



Дали некогаш имаш присуствувано на детски фудбалски натпревар и си гледал како еден татко воодушевено вреска кога неговиот син ќе постигне гол? Тој гордо прима честитки од сите страни.



Сум живеел доволно долго да видам како некои од тие млади момчиња и девојчиња станале мажи и жени, и заклучив дека добиваш тоа што прославуваш!



Кога целото време и сите пари ги трошиме за да ја усовршиме облеката за нашите деца, тие ќе станат оптоварени со модата кога ќе пораснат. Ако успехот во спортот е единственото нешто што го цениме кај нашите синови, кога ќе пораснат ќе се претворат во претенциозни спортски величини кои не знаат ништо друго.



Нема ништо лошо во облеката или шминката, нема ништо лошо во спортот.



Но, внимавај што возвишуваш во твоите деца.



Во мојот речник, зборот „возвишува“ е заменлив со „пофалува“. Она што го пофалуваш кај твоите деца е она што тие самите ќе го следат додека растат.



Гледај да го возвишуваш твоето дете кога ќе направи нешто за другите. Фати го моментот кога прави нешто правилно за својот брат или сестра. Пофали ги тогаш. Возвиши ги за молитвите, читањето на Библијата, прашањата за Исус и давањето пари на црквата, добротворните здруженија или сиромашните.



Запомни дека секогаш насочуваш. Прашањето е каде.



Прашање: Дали ќе водиш возвишувајќи го тоа што очекуваш да го добиеш кога твоите деца ќе пораснат?


Ден 2

Опис за овој план

Radical Wisdom: A 7-Day Journey For Fathers

Неверојатно е колку многу нè обликуваат нашите татковци. Никој не ја избегнува моќта и влијанието на својот земен татко. Бидејќи повеќето мажи не се чувствуваат подготвени да бидат татковци, важно е да се побара водство,...

More

Благодарни сме на Radical Mentoring за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://radicalwisdombook.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност