Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана ЛајтПримерок

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

1 ДЕН ОД 7

Има причина зошто го избра овој план.


Можеби се бориш со тежината која доаѓа со постојана споредба, неможејки да го постигнеш стандардот кој си го замислил. Можеби си загубил многу пријателства поради постојаната потреба да се биде најдобар, или си загубил интимност во врските поради тоа што споредбата ги украла твоите способности да бидеш поддржка и вистински пријател. 


Или можеби си само изморен. 


Изморен од животниот притисок кој го исполнува твојот ум со анксиозност, двоумење, депресија и лутина поради споредување со други.


Си мислиш “Неможам да постигнам!”. Мечтаеш за мирна околина каде што ќе бидеш сакан таков каков што си, не поради твојот посед, твоите достигнувања, твојата популарност, влијание и допадливост. Љубен без потреба од никаков филтер. 


Знам поради тоа што јас размислував така. На почетокот на оваа година, решив да започнам три дневен пост само на вода, и да се молам за неколку работи кои сакав да ги надминам во мојот личен живот. Напишав неколку молитви на лист и ги закачив на вратата во мојот плакар. Беше многу добро што станував наутро и поминував повеќе време во Божјо присуство молејки се за моите потреби кои ги запишав… околу три дена. Кога заврши постот, изгледаше како моето време за молитва да заврши. Она што не заврши беше Божјата моќ која работи во мојот живот поради молитвите кои ги оставив пред неговите стапала. 


Една од молитвите беше ова: “Помогни ми да се ослободам од споредување со други!” Се чувствував како да ме влече нешто надолу, оптоварен со невидлива тежина, ослепен од моите судења за другите. Престанав да следам луѓе на социјалните медиуми кои правеа да се чувствувам инфериорно. Зборував негативно за луѓе кои правеа да чувствувам љубомора и никогаш не прославував со оние кои достигнале големи работи во нивните животи. Единствениот мир кој го имав беше во изолација. Се чувствував безбедно кога немаше со кого да се споредувам. Но дојде осаменоста и го направи мојот свет мал и мојот ум помал. Барав ИЗЛЕЗ!


Следниот план го содржи одговорот кој мислам дека доаѓа директно од тронот на Милоста. Во следните 7 дена ќе истражиме прашања како: 


Што е споредба? 


Што се случува кога се споредуваме? 


Како да го надминеме нашето споредување?


Преку овие мисли, дадени од Бог во текот на моите молитви за слобода, верувам дека и ти исто така ќе се ослободиш од замката на споредување и ќе успееш да го искусиш исполнетиот и изобилен живот кој Тој го има испланирано за тебе.


Господе, јас сум изморен. Изморен од постојано чувство како да не сум доволен, како да не правам доволно, не постигнувам доволно. Светот околу мене ми дава премногу можности да се споредувам со други и знам дека тоа не е здраво. Помогни ми да ги положам овие работи пред твоите нозе со доверба дека можам да се ослободам од ова. Сакам да бидам личноста која Ти си ја створил, без оние работи кои ме одделуваат од мојот потенцијал, во името на Исус. 


 


Ден 2

Опис за овој план

Break Free From Comparison a 7 Day Devotional by Anna Light

Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Ана Лајт(LiveLaughLight) која го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете http://www.livelaughlight.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност