Јован 2:15-16
Јован 2:15-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите. А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!”
Јован 2:15-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Откако си направи камшик од јаже, ги избрка сите надвор, заедно со овците и говедата, а на менувачите им ги истури парите и им ги испреврте масите. На продавачите на гулаби им рече: „Изнесете ги одовде! Престанете да го претворате Домот на Мојот Татко во пазариште!“
Јован 2:15-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврте масите, па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“