Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 2

2
Свадбата во Кана
1 # 4,46 На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исус беше таму. 2На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици. 3#19,26А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исус: „Им снема вино.“ 4#5,25.28; 8,20; 12,23.27; 13,1; 17,1; 1 Мојс 3,15.20; Мт 8,29; Мк 14,35; Откр 12,1Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ 5#1 Мојс 41,55Но мајка Му Негова им рече на слу­гите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“ 6#Мк 7,3А таму имаше шест камени садови за вода, поставени за миење, според ју­дејскиот обичај, што собираа по две до три мери#2,6 две до три мери т.е. 80 до 100 литри.. 7А Исус им рече: „Наполнете ги са­довите со вода!“ И тие ги наполнија до горе. 8Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа. 9И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не зна­еше од каде е, но слугите, што ја беа до­неле водата, знаеја – тој го повика мла­доженецот, 10#Лк 5,39и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.“ 11#1,14; 2,23; 12,41; Ис 66,19; Мт 12,38Така направи Исус почеток на Своите чуда во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него. 12#Мт 4,13; Мк 3,31Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, браќата Негови и учениците Негови; и таму остана неколку дена.
Исус го очистува храмот
(Мт 21,12-13; Мк 11,15-17; Лк 19,45-46)
13 # 6,4; 11,55; 2 Мојс 12,1-27; 5 Мојс 16,1-6; Лк 2,41 Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Еру­са­лим; 14#Мал 3,1-4и ги затече во храмот оние што про­даваа волови, овци и гулаби, и менува­чите на пари – како седат. 15И направи камшик од врвци, ги из­брка од храмот сите, и овците и во­ло­ви­те; а на менувачите им ги растури па­ри­те и ги испреврте масите, 16#Зах 14,21; Лк 2,49па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од до­мот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“ 17#Пс 69,10Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“ 18#4,48; 6,30; 20,29; Мт 12,38; Мк 8,11; 1 Кор 1,22А Јудејците одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека го правиш тоа?“ 19#Мт 26,61; 27,40; Дела 6,14И им одговори Исус и рече: „Ур­не­те го овој храм и за три дни ќе го подигнам.“ 20А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?“ 21#Мт 12,6; 1 Кор 6,19Но Тој говореше за храмот на Сво­ето тело. 22#12,16; 14,26; 16,4; Рим 4,24А кога воскресна од мртвите, се се­тија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус.
Исус ја знае човечката природа
23 # 7,31; 11,47-48 И кога беше во Ерусалим на праз­никот Пасха, мнозина, гледајќи ги чу­десните знаци Негови, што ги правеше, поверуваа во Неговото име. 24#6,15; 16,30Но Самиот Исус не им се доверува­ше, бидејќи ги познаваше сите, 25#13,11; Мк 2,8и немаше потреба никој да Му све­дочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

Селектирано:

Јован 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност