Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 4

4
1Затоа, мои мили и многу сакани пријатели христијани, по кои толку копнеам, радост моја, гордост моја, останете Му непоколебливо верни на Господ!
2Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ.
3Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.
4Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!
5Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде.
6Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.
7Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.
8За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето.
9Применете го во практика она што го научивте и добивте од мене, било слушајќи ме што зборувам, било гледајќи ме како постапувам, па Бог, Кој е извор на мир, ќе биде со вас.
10Господ ми даде голема радост што по толку долго време вие пак имавте можност да покажете дека се грижите за мене. Не дека престанавте да се грижите за мене, туку немавте можност да го покажете тоа.
11Не го кажувам ова затоа што бев во беда. Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам.
12Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку.
13Со силата што Христос ми ја дава можам да издржам секакви услови.
14Сепак, добро сте сториле што сте ми испратиле помош сега, кога ми е тешко.
15Вие во Филипи, добро знаете дека кога заминав од Македонија, во раните денови на проповедањето на Радосната вест, вие бевте единствената црква што ми помагаше, единствените што го делеа со мене и доброто и злото.
16Кога бев во Солун, не еднаш ми испраќавте помош, кога таа ми беше потребна.
17Не барам јас подароци. Само сакам вие да добиете заслужена награда заради вашата грижа.
18Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам се што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.
19Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.
20На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.
21Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос. Тие се свети луѓе. Ве поздравуваат и браќата што се со мене.
22Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.
23Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет и нека биде со вас.

Селектирано:

Филипјаните 4: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност