Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 3

3
1Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна.
2Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата.
3Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос, кај Бог.
4А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.
5Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство!
6Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.
7Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден.
8Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови.
9Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики,
10па наместо неа облековте нова природа, која постојано се обновува, колку што подобро Го запознавате Христос, Кој ја создаде новата природа во вас.
11Не е важно дали сте Грци или Евреи, дали сте обрежани или не, дали сте варвари или Скити, дали сте робови или слободни. Се што е важно е Христос да живее во сите нас!
12Бог ве сака и ве одбра да бидете Негов свет народ. Затоа, сочувствувајте со луѓето, бидете љубезни спрема нив, бидете скромни, кротки и трпеливи.
13Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши. Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости.
14А најважно од се е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница.
15Секој од вас е дел од Христовото тело. Треба да бидете сложни и благодарни. Дозволете мирот што доаѓа од Христос да ги води вашите срца.
16Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот. Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг. Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од се срце.
17Се што ќе кажете или ќе направите, правете го како претставници на Господ Исус, оддавајќи Му преку Него благодарност на Бог Таткото.
18Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички.
19Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив.
20Деца, бидете им во се послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ.
21Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата.
22Робови, бидете им послушни на вашите земни господари во се, дури и тогаш кога не ве гледаат. Правете го тоа од се срце, не за да им угодите на луѓето, туку од страхопочит спрема Господ.
23Се што правите, правете го со сета душа, како да го правите за Господ, а не за луѓето.
24Имајте на ум дека Му служите на Господ Христос и дека Тој ќе ве награди.
25А кој постапува лошо, ќе си ги поднесува последиците, бидејќи кај Господ нема пристрасност.

Селектирано:

Колосјаните 3: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност