Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 3

3
1Сине мој, не ги заборавај моите поуки, и твоето срце нека ги чува моите заповеди,
2зашто ќе ти ги продолжат деновите и годините на животот и ќе ти додадат мир.
3Нека не те оставаат добрината и верноста, обеси ги околу својот врат, запиши ги врз плочата на своето срце,
4така ќе придобиеш милост и добро сфаќање пред Божјите и човечките очи.
5Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум.
6Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки.
7Не замислувај дека си мудар: Бој се од Господа и отстранувај се од злото,
8тоа ќе биде лек за твоето тело и поткрепа на твоите коски.
9Почитувај Го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход,
10и твоите житници ќе бидат преполни, и твоите каци ќе се прелеваат со ново вино.
11Сине мој, не ги отфрлај Господовите опомени, и немој да го замразиш Неговиот укор,
12зашто кого Господ го љуби, него и го изобличува како таткото синот, кого го љуби.
13Блазе му на човекот, што ја нашол мудроста и на човекот, кој го придобил разумот.
14Подобро е да се придобие таа отколку да се придобие сребро, и таа е поголема печалба и од златото.
15Поскапоцена е од бисерите, и колку и да се твоите скапоцености, не можат да се споредат со неа.
16Долгиот живот и е во десната рака, а во левата: богатство и чест.
17Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир.
18Таа е дрво на живот, за оние кои се придржуваат за неа, и благословен е оној што ќе ја задржи.
19Господ ја основа земјата со мудрост и ги зацврсти небесата со умот;
20со Негово знаење се отворија бездните и облаците истурија роса.
21Сине мој, не губи го тоа од пред очите запази ги разумот и здравото расудување;
22и ќе биде живот на твојата душа и украс на твојот врат.
23Тогаш без страв ќе чекориш по својот пат и твојата нога не ќе се сопнува.
24Кога ќе легнеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, ќе сонуваш слатко.
25Не бој се од ненадеен страв ни од пребрзата пропаст, кога ќе ги стигне нечестивите,
26зашто Господ ќе ти биде надеж и ќе ја чува твојата нога од стапица.
27Не крати им добротворство на оние што имаат потреба кога можеш да го направиш тоа.
28Не вели му на својот ближен: „Отиди си и дојди пак, и ќе ти дадам утре”, кога можеш веќе сега.
29Не кови му зло на својот ближен, додека тој престојува без страв, кај тебе.
30Не карај се без причина, со никого, ако не ти направил зло.
31Не завидувај му на насилникот, ниту следи ги неговите патишта,
32зашто на Господа му се гнасни развратите, а близок е со праведните.
33Господовото проклетство е врз домот на безбожникот, а благословот е во домот на праведникот.
34На потсмевнувачите тој им се потсмевнува, а на смирените им дарува благодат.
35Мудрите ќе ја наследат славата, а безумниците ќе го носат срамот.

Селектирано:

Изреки 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност