Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8

8
1Во тие дни, кога пак се собра големо множество и немаа што да јадат, ги повика Своите ученици и им рече:
2”Жал ми е за народот, зашто веќе три дни се постојано покрај Мене и нема што да јадат.
3Ако ги распуштам гладни по нивните куќи, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.”
4И Неговите ученици Му одговорија: „Откаде може некој да ги насити со лебови, тука во пустината?”
5И ги праша: „Колку лебови имате?” А тие рекоа: „Седум”.
6Тогаш му заповеда на народот да прилегне на земјата. И ги зеде седумте лебови, заблагодари и ги раскрши, и им даваше на Своите ученици да ги стават, и тие ги ставија пред множеството.
7Имаа и малку рипчиња. И кога ги благослови, заповеда да ги стават и нив.
8И јадеа и се наситија, и дигнаа седум кошници останати парчиња.
9А беа околу четири илјади; и ги распушти.
10И веднаш влезе во кораб со Своите ученици, и дојде во околината на Далманута.
11И фарисеите излегоа и почнаа да се препираат со Него, барајќи од Него знак од небото, да Го искушаат.
12А Тој воздивна, со својот дух и рече: „Зошто ова поколение бара знак? Вистина ви велам, нема да му се даде знак на овој род.”
13И ги остави пак, влезе во коработ и премина на другата страна.
14И заборавија да земат леб, и имаа само еден леб со себе во коработ.
15И им заповеда, велејќи; „Гледајте! Чувајте се од фарисејскиот квас и од квасот Иродов!”
16Тие пак размислуваа меѓу себе: „Бидејќи немаме леб!”
17А Исус кога го разбра тоа им рече: „Зошто мислите дека немате леб? Уште ли не разбирате и не сфаќате? Скаменето ли е вашето срце?
18Очи имате, а не гледате? Уши имате, а не слушате?
19И не си спомнувате ли, кога ги раскршив петте лебови на пет илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?” Му рекоа: „Дванаесет.”
20Кога раскршив седум лебови на четири илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?” Рекоа: „Седум”.
21И им рече: „Уште ли не разбирате?”
22И дојдоа во Витсаида. И Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре.
23Тој го фати слепецот за рака, го изведе надвор од селото и му плукна во очите; ги положи рацете на него и го праша: „Гледаш ли нешто?”
24Ги подигна очите и рече: „Гледам луѓе како одат - ги гледам како дрва.”
25Потоа пак ги положи рацете на неговите очи, и прогледа и оздраве, и гледаше сè јасно.
26И го испрати во неговиот дом, велејќи: „Не влегувај во селото, и никому не раскажувај!”
27И излезе Исус, со Своите ученици, по селата на Кесарија Филипова; а патем ги прашуваше Своите ученици, велејќи им: „Што велат луѓето, Кој Сум Јас?”
28Тие Му рекоа: „Јован Крстител, други велат Илија; а трети - дека си еден од пророците.”
29Но Тој ги праша: „А вие за Кого Ме сметате?” Петар во одговор Му рече: „Ти си Христос”.
30И им забрани никому да не зборуваат за Него.
31И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне.
32И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува.
33Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.”
34И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене.
35Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси.
36Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа и напакости!
37Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа?
38Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, со светите ангели.”

Селектирано:

Марко 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност