Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 СОЛУНЈАНИТЕ 1

1
Апостолово благодарење и молитва
1Павле и Силван и Тимотеј до црквата на Солунјаните во Бог, нашиот Татко, и Господа Исуса Христа: 2Благодат вам и мир од Бог нашиот Татко и Господа Исуса Христа. 3Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, како што е право, зашто вашата вера расте многу; и се умножува меѓусебната љубов на секој од вас, 4така што ние сами се фалиме со вас меѓу Божјите цркви заради вашето трпение и верата во сите ваши гонења и маки, што ги поднесувате. 5Тоа е знак на праведниот Божји суд, за да се сметате достојни за Божјото Царство, за кое и страдате. 6Зашто е праведно пред Бога: да им врати мака на оние кои ве измачуваат, 7а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со ангелите на Својата сила, 8во пламенен оган, за да даде одмазда на оние кои не Го познаваат Бога и кои не му се послушни на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос; 9кои ќе бидат казнети со вечна пропаст далеку од лицето на Господа и од славата на Неговата сила, 10кога ќе дојде, во оној Ден, да се прослави во Своите свети и да Му се восхитуваат сите верни, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво. 11Затоа и се молиме секогаш за вас: нашиот Бог да ве смета достојни на звањето, и да ја исполни секоја добра волја во добрина и делото на вашата вера во сила, 12за да се прослави името на нашиот Господ Исус, во вас, и вие во Него, по благодатта на нашиот Бог и Господ Исус Христос.

Селектирано:

2 СОЛУНЈАНИТЕ 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност