Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 СОЛУНЈАНИТЕ 4

4
Бодрење на светост
1Најпосле, браќа, бараме и ве опоменуваме во Господа Исуса, да изобилувате повеќе во она што го примивте од нас, како треба да живеете и да Му угодувате на Бога, како што и успевате во тоа. 2Имено, знаете какви наредби ви дадовме во името на Господа Исуса. 3Зашто, ова е Божјата волја, вашето осветување, да се воздржувате од блудство, 4секој од вас да знае да го држи својот сад во светост и чест, 5не во похотна страст, како народите кои не Го познаваат Бога; 6да не престапува и го измамува својот брат во тоа, зашто за сѐ тоа Господ е Одмаздувач, како што ви рековме и сведочевме порано. 7Имено, Бог не нѐ призва на нечистота, туку на осветување. 8Затоа, кој го отфрла тоа, не го отфрла човекот, туку Бога, Кој ви Го дава и Својот Свети Дух.
9А за братољубието нема потреба да ви пишувам, зашто Самиот Бог ве научи да се љубите еден друг, 10а вие го правите тоа кон сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе 11и да настојувате усрдно да живеете тихо, да ги гледате своите работи и да работите со своите раце, како што ви наредивме, 12за да се однесувате благоприлично кон оние, надворешните и да немате потреба од ништо.
За Христовото доаѓање
13Не сакаме, браќа, да останете во незнаење за умрените, за да не жалите како другите, кои немаат надеж. 14Зашто ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така и умрените во Исуса, Бог ќе ги приведе со Него. 15Зашто ова ви го кажуваме преку словото на Господа, дека ние, кои живееме и остануваме до Господовото доаѓање, нема да отидеме пред оние кои умреле; 16зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. 17Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа. 18Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови.

Селектирано:

1 СОЛУНЈАНИТЕ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност