Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 3

3
Мудрост и послушност кон Бога
1 # 4,5; 2 Мојс 20,6; 5 Мојс 30,16; Пс 119,61 Синко, не заборавај ја поуката моја и срцето твое да ги чува за­поведите мои; 2#3,16; 4,10; 9,11; 10,27; Пс 91,16; 119,165зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир. 3#1,9; 6,21; 7,3; 14,22; 5 Мојс 6,8; Ер 17,1; 2 Кор 3,3Милоста и вистината да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги врз плочите на срцето свое, 4#8,35; 1 Сам 2,26; Пс 111,10; Лк 2,52; Рим 12,17па ќе најдеш милост и благоволение пред очите на Бога и на луѓето. 5#22,19; 23,4; Ис 5,21; Ер 9,23; Пс 37,3.5Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. 6#16,3; Ис 45,13; 1 Лет 28,9По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки. 7#8,13; 16,6; Јов 28,28; Рим 12,16Не сметај се за мудрец; имај страв од Господ и бегај од злото: 8#4,22; 9,11тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски. 9#2 Мојс 23,19; 5 Мојс 26,2; Ис 43,23; Мал 3,10Давај Му принос на Господ од имотот твој и од првините на плодо­вите од твоите придобивки, 10#5 Мојс 28,8; Јоил 2,24и твоите житници ќе се исполнат до врвот, а твоите преси ќе се прелеваат од вино. 11#Јов 5,17; Евр 12,5Не занемарувај ја, синко, казната од Господ, и да не ти е тешко од Него­вото укорување; 12#5 Мојс 8,5; Откр 3,19зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби.
Мудрост и среќа
13 # 8,32-36 Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил ра­зум; 14#8,19; 16,16; Јов 28,15подобро е да ја добиеме неа, откол­ку ризници со сребро и злато; 15#8,11; Јов 28,18таа е поскапа и од скапоцените ка­мења; и сѐ што ти е мило, не може да се спореди со неа. 16#3,2; 8,18; 22,4; Пс 112,3Во десницата нејзина е долговеч­носта, а во левицата ѝ е богатството и честа; 17#16,7; Пс 119,165патиштата нејзини се пријатни па­тишта, и сите патеки нејзини се спокој­ни. 18#11,30; 13,12; 15,4; 1 Мојс 2,9; Откр 2,7Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, оние кои ја запазуваат. 19#8,27-28; Пс 104,24Господ со мудрост ја основа земјата, со разум ги утврди небесата; 20#1 Мојс 7,11; 5 Мојс 33,28; Јов 36,28преку Неговата мудрост се отвораат бездните, и облаците пуштаат роса.
Господ го чува мудриот
21 # 4,21; 8,14 Синко, не испуштај ги од превид овие работи; запази ја мудроста и разумот; 22#1,9; 4,22; 8,35; 16,22; 21,21; 5 Мојс 32,47тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; 23#4,12; 10,9; Ис 5,27; 63,13; Пс 91,12; 121,3тогаш ќе одиш безопасно по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне. 24#1,33; 6,22; Пс 3,4; 4,8; Јов 11,19Кога ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен. 25#Пс 91,5; Јов 5,21; 1 Птр 3,6.14Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците, 26#1 Сам 2,9бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување. 27#Рим 13,7; Гал 6,10Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне. 28#3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15Не вели му на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам“ кога си во состојба да му помогнеш. 29#6,14; 14,22Не крој зло против ближниот свој, кога тој со доверба живее кај тебе. 30#26,17; Рим 12,18Не карај се со човек без причина, кога не ти направил никакво зло. 31#4,14; 24,1; Пс 37,1Не завидувај му на човек кој пос­тапува насилно, и не избирај ни еден од патиштата негови, 32#11,20; Пс 25,14; Јов 29,4зашто на Господ Му е одвратен без­божникот, а близок е со праведникот. 33#12,7; 14,11; 5 Мојс 11,28; Мал 2,2; Јов 8,6Проклетството Господово е врз до­мот на безбожниот, а живеали­штето на праведниот Бог го благо­словува. 34#Јк 4,6; 1 Птр 5,5Над оние што се подигруваат, Тој им се потсмева, а на смирените им дава благодат. 35#14,18; 28,10Мудрите ќе наследат слава, а без­умните – срам.

Селектирано:

Изреки 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност