Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 4

4
Препораки: слога, радост, мир
1 # 1 Сол 2,19-20 И така, браќа мои возљубени и многу пожелни, радост моја и венец, стојте цврсто во Господ, возљубени! 2#2,2Ја молам Еводија, ја молам и Син­ти­хија да бидат едномислени во Господ; 3#1,30; 2,25; Пс 69,28; Дан 12,1; Лк 10,20; Дела 3,5; 2 Кор 8,23; Откр 3,5; 13,8; 17,8; 20,12.15; 21,27а те молам и тебе, искрен сотрудни­че, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Кли­мент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот. 4#3,1Радувајте се секогаш во Господ, и пак ќе речам: радувајте се! 5#3,20; Пс 145,18; 1 Кор 16,22; Евр 10,37; Јк 5,8; 1 Птр 4,7; Откр 3,11; 22,20Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу! 6#Мт 6,25-34; 1 Птр 5,7За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања, 7#Ис 26,3; Јн 14,27; Кол 3,15и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос. 8#Рим 12,2.17; 1 Сол 4,12Понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! 9#3,17; Рим 15,33; 16,20; 1 Кор 14,33; 1 Сол 5,23И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, – и Бог на мирот ќе биде со вас!
Павле им заблагодарува на Филипјаните за нивните подароци
10 # 2,25-30 Јас се зарадував необично многу во Господ, зашто најпосле расцветавте во вашата грижа за мене; вие и порано се грижевте за мене, но немавте згодна пригода. 11Ова го велам не поради скудност од нешто, бидејќи се научив да се задово­лувам со она што го имам. 12Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и сешто, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум и во не­маштија. 13Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи. 14Но, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб. 15#Дела 16,12-14; 2 Кор 11,9А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Еван­ге­лието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; 16#Дела 17,1-9зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи. 17#Мт 3,8; 1 Кор 9,11Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се ум­ножува во ваша полза. 18Добив сѐ и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епаф­ро­дит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога. 19#Рим 9,23Мојот Бог, по Своето богатство, не­ка ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус. 20#Рим 16,24А на Бога, нашиот Отец, слава во вечни векови. Амин!
Последни поздрави
21 # Дела 9,13; Рим 1,7 Поздравете го секој светија во Христос Исус! Ве поздравуваат браќата што се со мене. 22#1,13Ве поздравуваат сите светии, а осо­бено оние што се од Цезаревиот дом. 23Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

Селектирано:

Филипјаните 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност