Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 3

3
1 # 2,12; Пс 110,1; Мт 6,20-21; 22,44; Мк 16,19; Јн 3,3; Ефес 1,20; 2,6; Евр 1,3 И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога; 2#Мт 6,33мислете за небесното, а не за земното. 3#2,12; Рим 6,2-3; 2 Кор 5,14Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога. 4#Лк 17,30; Рим 8,19; Гал 2,20; Фил 1,21; 1 Сол 4,17; 1 Птр 1,6-8; 1 Јн 3,2А кога ќе се јави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава.
Стариот и новиот живот
5 # Мт 3,7; Мк 9,43-47; Рим 1,29; 6,6-11; Гал 5,24 Затоа умртвете ги органите од земната природа во вас, односно блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство! 6#Ефес 5,6Поради тие пороци доаѓа гневот Божји врз синовите на непослушноста, 7меѓу кои некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци. 8#Рим 1,18; 3,12; Евр 12,1; Јк 1,21; 1 Птр 2,1А сега и вие отфрлете сѐ од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста! 9#Ефес 4,22.25; Јк 3,14Не лажете се еден со друг, зашто ве­ќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела, 10#1,15; 1 Мојс 1,26; Ез 36,26-27; Пс 51,11; Рим 12,2; 13,14; 1 Кор 15,45; 2 Кор 4,16; 5,17; Гал 3,27; Ефес 4,24и се облековте во новиот, кој се об­новува во познанието, според образот на својот Создател. 11#Рим 10,12; 1 Кор 12,13; 15,28; Гал 3,27-28Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос. 12#Ефес 4,2И така, како избраници Божји, све­ти и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; 13#Мт 6,14; 17,17; 18,21-35; 2 Кор 2,5-11; Ефес 4,32; 5,2трпете се еден со друг и проштавај­те си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете! 14#Рим 13,8-10; 1 Кор 13,1; Ефес 4,3А над сето тоа облечете се во љу­бов, која сѐ сврзува во совршенството, 15#1,3.18.20; Јн 14,27; Ефес 4,4; Фил 4,7и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни! 16#1,28; Рим 15,14; Ефес 4,29; 1 Сол 5,11Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пе­ејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши! 17#1,3; Рим 14,7; 1 Кор 10,31И сѐ што правите со збор или со де­ло, правете го во името на Господ Исус Христос, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!
Лични односи во новиот живот
18 # 1 Кор 7,1-16; Ефес 5,22-33 # 1 Мојс 3,16; 1 Кор 11,3 Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во име­то на Господ! 19#1 Птр 3,7Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги! 20#Евр 12,4-11#Ефес 6,1Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е бла­го­угодно на Господ! 21#Ефес 6,4Татковци, не дразнете ги децата свои, за да не паѓаат со духот! 22#3 Мојс 25,43; 1 Кор 7,21-23; Тит 2,9-10; 1 Птр 2,18Вие, слуги, во сѐ бидете им пос­луш­ни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во простота на срцето, со страхопочит кон Бога! 23И сѐ што правите, правете го од ду­шата, како за Господ, а не за луѓе, 24#Рим 12,11знаејќи дека како награда ќе добиете од Господ наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите. 25#5 Мојс 10,17; Рим 2,11; Ефес 6,9А кој врши неправда, ќе добие според неправдата своја; и нема да има пристрасност!

Селектирано:

Колосјаните 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност