Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 6:1-6

Исаија 6:1-6 MK2006

Во годината кога умре цар Озија, јас Го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на облеката Негова го исполнија целиот храм. Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две дру­ги ги криеше нозете свои, а со две ле­таше. И викаа еден кон друг и велеа: „Свет, свет, свет е Господ Саваот! Це­лата земја е полна со Неговата слава!“ И се разниша горништето на вра­тите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим. И реков: „Тешко мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, – а очите мои Го видоа Царот, Господ Саваот!“ Тогаш долета до мене еден од сера­фимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жрт­веникот

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност