Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 47:1-12

Езекиел 47:1-12 MK2006

Потоа ме врати кај вратата на храмот, а ете, таму, под прагот на храмот течеше вода кон исток, би­дејќи храмот беше свртен кон исток, и водата течеше од под десната страна на храмот, јужно од жртвеникот. Ме изведе низ северната врата и однадвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна. Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше јаже; тогаш тој измери илјада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите. Потоа измери уште илјада лакти и пак ме преведе преку водата; водата беше длабока до колена. Измери уште илјада лакти и ме преведе преку водата: водата беше длабока до појасот. И пак измери уште илјада лакти, а таму веќе имаше река, преку која јас не можев да минам, бидејќи водата беше толку висока што требаше да пливам, зашто таа река не можеше да се прегази. Па ми рече: „Виде ли, сине човеч­ки?“ Потоа ме поведе назад кон брегот на реката. А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја. И ми рече: „Оваа вода тече кон источниот дел на земјата, се спушта во Арава и потоа ќе се влива во морето; и водите на реката ќе бидат здрави. И секое живо суштество што ќе се движи таму, каде што се вливаат двете струи, ќе биде здраво; и риби ќе има таму многу, зашто таа вода ќе се влива таму; и водите на морето ќе станат здрави, и каде што ќе се влива таа река, таму сѐ ќе биде живо. И до него ќе стојат рибари од Ен-Геди до Ен-Еглаим, ќе фрлаат мрежи. Ќе има секаков вид риба, како и во Големото Море, и ќе има многу, многу риба. Мочуриштата и барите негови, не­ма да станат здрави, тие ќе бидат оста­вени за сол. По бреговите на реката од едната и од другата страна ќе растат секакви дрвја, што ќе даваат храна; лисјата нив­ни нема да свенуваат и плодовите нивни нема да завршуваат; секој месец ќе зре­ат нови, зашто водата од светилиштето тече за нив; плодовите нивни ќе служат како храна, а лисјата нивни – за лек.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Езекиел 47:1-12

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност