Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 5:21-33

Ефесјаните 5:21-33 MK2006

покорувајте се еден на друг во страхопочит Божја. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ, зашто мажот е глава на жената, ка­ко што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото. Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црк­вата и се предаде Себе за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. И така, мажите се должни да ги са­каат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Зашто никој никогаш не го намра­зил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата, бидејќи ние сме делови на Неговото тело. „Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“ Оваа тајна е голема. Но јас ви збо­рувам за Христос и за Црквата. И така, секој од вас да си ја сака же­ната своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 5:21-33

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност